Сладолед на хавајски начин: Дали сте за замрзната комбинација на манго и јагода?

Прочуен десерт

Ако некогаш отпатувате на Хаваи, невозможно е да не го пробате нивниот прочуен десерт – вкусен мраз во боите на виножитото. Ова лето трендот на овој десерт се прошири низ целиот свет, а ние ви го откриваме токму вам. Нашата верзија можеби нема многу различни бои, но проверено е многу вкусна. Мангото и јагодата заедно даваат експлозија од вкусови, додека во комбинација со мразот креираат вистински летен десерт. Погледнете како се прави и претставете им на своите најблиски нешто мачку поразилично од класичен сладолед.

– 1 шолја многу ситен шеќер

– 250 г сечкани јагоди
– 1 + ½ шолја сок од манго
– 1 сечкано манго
– ½ шолја печен кокос (ако не можете да најдете, ронки кокос малку потпечете ги во рерна)

Приготвување:

Во сад со средна големина помешајте 1 шолја вода и ¾ шолја шеќер, а потоа ставетена средна температура додека смесата да зоврие. Когаќе зоврие, додајте уште 2 шолји вода и тргнете од оган.

Истурете ја смесата во плиток сад или во мал плех и оставете го во замрзнувач 5 часа, мешајќи на секои 45 минути за да се создадат кристали од мраз.

Испасирајте ги јагодите во блендер со остатокот од шеќер (околу 1/4 шолја). Префрлете ја смесата во шише или во шејкер со дозер на врвот и во исто такво шише и сокот од манго. Распоредете го мразот во четири чаши, одозгора сипете околу четвртина сок од манго, па исто толку мешавина со јагоди.

Украсете со манго и кокос и уживајте во лесниот леден десерт!

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.