Сладок грев: Чоколадна пита за 10 лица

Се топи во уста!

Вистински десерт за љубителите на црно чоколадо. Богат вкус, воздушеста текстура, слатко задоволство…

Состојки

  • 4 јајца • 100 г шеќер • 125 мл масло • 50 г екстра бело брашно • 90 г гриз • 40 г какао • 1 прашок за печиво • 1 ванилин шеќер За преливот: • 250 мл вода • 200 г шеќер • 1 лажици какао • 50 г чоколадо за готвење За глазурата: • 100 г чоколадо за готвење • 100 мл слатка павлака

Приготвување

  1. Прво се приготвува преливот, се мешаат водата, шеќерот, какаото и чоколадото, па се вари, да се поврзат состојките. Се трга од огнот и се остава да се олади.
  2. Посебно се приготвува смесата за пандишпанот. Се соединуваат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се мати со миксер, додека се зголеми тројно и осветли смесата.
  3. Постепено се додава маслото во тенок млаз, матејќи цело време со миксер.
  4. Посебно се поврзуваат екстра белото брашно, какаото и прашокот за печиво, па се просејуваат. Се додава гризот и се меша. Сувите состојки се додаваат во смесата од јајца.
  5. Плехот се намрсува и набрашнува, па во него се става приготвената смеса. Се пече во загреана рерна на 180°С, околу 35 минути.
  6. Печениот колач се боцка со чепкалка и се прелева со оладениот прелив. Се остава да ја впие течноста.
  7. За приготвување на глазурата, слатката павлака се загрева, па се прелева преку чоколадото и се меша додека се растопи. Смесата се прелева преку колачот и се остава да се зацврсти.

Текст и фото: Добра храна

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.