Сладок деликатес: Брз колач со јагоди

Највкусниот десерт!

Дури и ако немате голема слаткарска умешност, доволно е да се потпрете на нашите упатства

Пригответе го сами овој вкусен колач од јагоди за кој ќе ви треба помалку од еден час!

Состојки:

За кората

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 4 лажици екстра бело брашно тип 400
  • 2 лажици какао
  • 4 лажици млеко
  • 1 прашок за печиво
  • 80 г чоколадо за готвење
  • 200 мл чоколадно млеко

За кремот

  • 600 мл млеко
  • 6 лажици густин
  • 180 г шеќер
  • 200 г путер
  • 2 ванили
  • 250 г јагоди

За преливот

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 30 г путер
Приготвување:

Кората

1. Изматете ги белките во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Потоа додавајте ги една по една жолчките, непрекинато мешајќи.

2. Сипете ги растопеното чоколадо и млекото во тенок млаз, цело време мешајќи со миксер.

3. На крајот додајте ја мешавината од бело брашно, какао и прашок за печиво, па мешајте. Сипете ја смесата во тепсија обложена со хартија за печење, печете ја во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, околу 15 минути.

4. Печената кора попречно исечете ја наполу, па двете половинки попрскајте ги со чоколадното млеко.

Кремот

1. Во тенџере сипете 500 мл млеко, додајте ги шеќерот и ванилите, па варете додека зоврие.

2. Посебно изматете го преостанатото млеко со густинот, па сипете го во зовриеното млеко и варете додека се згусне.

3. Во оладената смеса додајте го омекнатиот путер и изматете со миксер, а потоа додајте ги исечканите јагоди.

Завршна постапка

1. Премачкајте ја првата кора со кремот и преклопете ја со втората кора.

2. Растопете го чоколадото со путерот на пареа, па добиената глазура прелејте ја преку горната кора.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.