Сите Југословени го обожавале овој колач: Богат и вкусен без скапи состојки, а готов за миг!

Рецепт за падобранци

Идеален десерт за зимските денови

Вкусните колачиња со интересно име, падобранци, им го обележаа детството на многу Југословени.

Во времето кога тортите и колачите со богати чоколадни филови биле реткост, падобранците освојувале со својата едноставност. Домаќинките вешто ги користеле состојките што ги имале при рака – домашни јајца, млеко и ореви од шпајз.

Пригответе ги и денес без мака, а сите потребни состојки сигурно веќе ги имате дома.

Состојки:

За тестото:

  • 3 белки
  • 300 г шеќер
  • 300 г мелени ореви
  • сок од лимон

За филот:

  • 3 жолчки
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 125 г путер
  • 100 г чоколадо за готвење
Приготвување:

Матете белки и постепено додавајте шеќер во прав и лимон, додека добиете цврст снег. Додајте мелени ореви и соединете со лажица, никако со миксер, за да не спадне смесата.

На плех обложен со хартија за печење, ставајте од смесата со лажиче. Печете во претходно загреана рерна на 150 степени, 20-25 минути.

За филот, во чинија добро изматете жолчки со шеќер во прав, па додајте омекнат путер и чоколадо што сте го стопиле на пареа. Оладените колачиња филувајте ги со кремот и спојувајте ги по две, како за ванилици. Потребно е падобранците да отстојат малку пред да ги послужите, за да омекнат малку.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе