Штрудли од готови кори со крем од ванила и чоколадо: Брзо и едноставно!

Превкусно!

Ќе бидат на вашата трпеза за точно 40 минути!

Состојки:
  • 1 л млеко
  • пудинг од ванила
  • пудинг од чоколадо
  • 4 лажички мед
  • 2 лажици гриз
  • 50 мл масло
  • 200 мл кисело млеко
  • 10 г прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 6 кори за пита
Приготвување:

Измешајте малку млеко, мед, пудинг од ванила, а потоа истото направете го со пудингот од чоколадо. Во преостанатото млеко (450 мл) додајте ја смесата со ванила и мешајте додека се згусне. Тргнете го од оган и оставете го да се лади.

Истото направете го и со пудингот од чоколадо.

За премачкувањето, измешајте масло, гриз, јајца, прашок за печиво и кисело млеко. Добро измешајте. На првата кора намачкајте го премазот, на втората исто, а на третата нанесете го пудингот. Завиткајте и ставете ги во намрсен плех. Истото направете го и со пудингот од ванила.

На крај, премачкајте ги штрудлите со премазот. Печете на 200 степени Целзиусови, околу 35 минути.

Крем-штрудла со ванила: Подобра и од крем пита!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.