Шпански десерт: Вака се прават чуроси!

Пробајте!

Меко и ароматично тесто извалано во шеќер… Нема човек што не го обожава овој десерт!

Потребни состојки:
  • 250 милилитри вода
  • 150 грама брашно
  • 3 јајца
  • 1 коцка путер
  • шеќер
  • цимет

Приготвување:

Ставете вода во тенџере, додајте путер, па кога ќе зоврие, додајте брашно и мешајте со лажица. Кога ќе се излади малку, додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте за да добиете пенесто тесто без грутки. Во тенџере ставете масло да се загрее.

Ставете го тестото во шприц со помал отвор за да бидат чуросите потенки, па пржете ги додека не заруменат.

Во чинија ставете малку шеќер измешан со шеќер во прав и додајте цимет. Извалајте ги чуросите во шеќерот и послужете ги топли.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.