Шпански десерт на кој никој не може да му одолее: Пригответе чуроси – слатко тесто со вкус на цимет!

Пробајте!

Превкусно слатко печиво

Состојки:
  • 200 г брашно
  • 1/4 лажиче сол
  • 5 супени лажици шеќер во прав
  • 275 мл вода
  • 1 изматено јајце
  • 1 жолчка
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 1 л сончогледово масло
  • 1 лажиче цимет
Приготвување:

Измешајте брашно, сол и 1 супена лажица шеќер во чинија. Сипете вода во тенџере и загрејте ја да зоврие. Тргнете ја од оган, додајте ја мешавината со брашно и мешајте додека се формира мазно топче што не ги допира рабовите на тенџерето. Оставете го да се лади 10 минути.

Постепено додавајте цело јајце, жолчка, па екстракт од ванила во мешавината од брашно и матете додека стане смесата мазна. Со лажица ставете ја во кеса за филување со рамен продолжеток со пречник од 1 см.

Сипете масло во тенџере со средна големина, до длабочина од 2,5 см. Загрејте масло на 170 степени и ставете мала количина од мешавината во маслото. Доколку маслото веднаш почне да прави пена, спремно е за користење. Нанесувајте од мешавината во разни облици во маслото повеќе пати, сечејќи ги краевите со кујнски ножици. Пржете ги чуросите 2-3 минути додека почнат да пловат и да заруменуваат, превртувајте ги ако е потребно за да добијат еднакво боја насекаде.

Извадете ги чуросите од маслото, добро исцедете ги на кујнска крпа, а потоа посипете ги со преостанатиот шеќер измешан со цимет. Продолжете да цедите од тестото од вреќичката и пржете додека ја употребите цела мешавина. Послужете ги топли или ладни. Највкусни се дента кога се приготвени.

Добар апетит!

Шпански десерт: Вака се прават чуроси!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.