Руски капи: Многу лесно се приготвуваат ако го следите овој рецепт!

Прекрасно, вкусно

Иако изгледа како колач што е комплициран за приготвување, можете да го приготвите релативно брзо и лесно

Состојки:

За бисквитот:

  • 4 јајца
  • 100 г шеќер
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици чоколадно млеко
  • 5 полни лажици брашно
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 лажица рендано чоколадо
  • 1 прашок за печиво

За филот:

  • 500 мл млеко
  • 100 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 пудинг од слатка павлака
  • 1,5 лажици густин
  • 100 г путер

За прелив и посипување:

  • 100 г чоколадо
  • 1 лажица масло
  • 60 г кокос
Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте просеано брашно со прашок за печиво, какао и рендано чоколадо. Сето тоа измешајте го и префрлете го во плех обложен со хартија за печење.

Печете го 15-20 минути. Вадете парчиња од оладениот бисквит со помала кружна чаша. Потоа, сварете го пудингот и засладете го по желба, па оставете го да се олади.

Изматете го путерот со малку шеќер, па додајте го во оладениот пудинг и измешајте. Премачкувајте го секое парче бисквит со полна лажица крем и залепете го со друго празно парче.

Премачкајте со крем и однадвор, па извалајте ги капите во кокос. За преливот, стопете чоколадо, додајте масло, измешајте и прелејте ги капите. Оставете ги да се стегнат, па послужете ги.

Десерт на денот: Шушкав колач со грејпфрут
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.