Русите ги приготвуваат крофните на сличен начин како и ние, само што користат еден трик за да им излезат меки како душа
Она што е специфично во приготвувањето крофни на руски начин е тоа што не треба дополнително да се меси тестото.
Состојки:
- 2 јајца
- 400 мл јогурт или кисело млеко
- 1 лажиче сол
- 500 г брашно
- 12 г прашок за печиво
- 200 мл масло
Приготвување:
Во сад ставете 2 јајца, 400 мл јогурт, 1 лажиче сол и сето тоа добро измешајте го. Потоа, постепено додавајте 500 г брашно и еден прашок за печиво.
Продолжете да мешате додека добиете густа хомогена смеса. Додавајте по малку брашно за полесно да го мешате. Смесата ќе биде готова кога ќе може убаво да се вадат топчиња од неа. Не би требало да биде ниту премногу густа, ни ретка.
Крофните пржете ги во 200 мл масло додека добијат румена боја. Вадете ги со помош на лажица, која претходно сте ја потопиле во врело масло. Со друга лажица обликувајте ги во тавчето за да бидат што потенки.