Ролнички со мак: Рецепт за најмекото слатко тесто!

Пробајте!

Највкусниот десерт од тесто

Состојки:
  • 150 мл млеко
  • 2 јајца
  • 20 г квасец
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • малку масло
  • кора од лимон
  • 300-350 г брашно

За филот:

  • 150 г мак
  • 100 г суво грозје
Приготвување:

Во млако млеко стопете квасец, додајте шеќер, кора од лимон и малку масло. Додајте 1 јајце и една белка. Добро изматете со виљушка. Додајте брашно и добро замесете го тестото за да биде меко.

Оставете го 30 минути на топло. Расукајте го на маса и пресечете го на правоаголници. Во мелениот мак додајте суво грозје и шеќер, ако не е сладок. Додајте малку топло млеко. Вадете мак со лажица и ставајте го на тестото, па замотајте го во ролничка. Обложете тепсија со хартија за печење и наредете ги ролничките. Покријте ги да одморат 15 минути. Вклучете ја рерната на 200 степени.

Во жолчката додајте малку млеко и масло и измешајте, па премачкајте ги ролничките. Печете ги на 180 степени Целзиусови околу 35 минути. Печените ролнички покријте ги со крпа. По желба, наросете ги со шеќер во прав.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.