Ролат со ванила за 8 лица

Приготвениот ролат се остава на ладно најмалку 2 часа, да зацврсти филот.

Состојки:

За кората:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици густин
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици масло

За филот:

  • 400 мл млеко
  • 2 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 лажици меко брашно
  • 1 лажица густин
  • 10 г желатин

За посипување:

  • шеќер во прав

Приготвување:

  1. За приготвување на кората белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер.
  2. Се додаваат една по една жолчките и се долева масло во тенок млаз, постојано матејќи со миксер. На крајот се ставаат брашното и густинот.
  3. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се излева смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200°С, додека порумени. Печената кора се витка во ролат.
  4. За приготвување на филот во тенџере се сипуваат 300 мл млеко, се додаваат 5 лажици шеќер и ванилиниот шеќер, па се вари додека зоврие.
  5. Посебно се мати остатокот од млекото со жолчките, брашното и густинот. Се додаваат во зовриеното млеко и се вари додека се згусне.
  6. Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се меша да набабри. Се додава во врелиот крем и се меша додека се растопи.
  7. Белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи го преостанатиот шеќер.
  8. Во топлиот фил се додава снегот од белки и се меша со маталка.
  9. Кората се растегнува, се премачкува со филот, па повторно се витка во ролат. Ролатот се посипува со шеќер во прав.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.