Ролат со кокос и чоколадо што не се пече: Највкусните залачиња што ќе ве распаметат!

Неодолив!

Ова е вистинскиот десерт за љубителите на кокос и чоколадо!

Состојки:
  • 500 г бисквити
  • 300 г шеќер
  • 5 реда чоколадо
  • 3 кафени шолји млеко
  • За филот:
  • 200 г маргарин
  • 200 г шеќер во прав
  • 200 г кокосово брашно
  • 1 лимон
Приготвување:

Во машина за ореви сомелете 500 г бисквити. Загревајте 8 лажици вода и 300 г шеќер, додајте 5 реда чоколадо и 3 кафени шолји млеко. Кога чоколадото ќе се стопи, врелата смеса сипете ја во бисквитите и сето тоа заедно замесете го. Префрлете ја смесата на штица посипана со кокос и расукајте ја на дебелина од 5 мм.

Однапред пригответе го филот.

Добро изматете 200 г маргарин и 200 г шеќер во прав. Додајте 200 г кокосово брашно и еден исцеден лимон. Сето тоа добро изматете го и филувајте ја расуканата смеса. Завиткајте во ролат и оставете го во фрижидер неколку часа.

Добар апетит!

Мек шарен ролат: Ултрабрз десерт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.