Ролат банана-сплит: Десерт кој ќе ви го освои срцето!

Готов за миг!

Кремаст и неодоливо вкусен, а се приготвува за миг – ќе го обожава целото семејство

Состојки:

За бисквитот:

  • 6 јајца
  • 2 лажици врела вода
  • 150 г шеќер во прав
  • 60 г брашно
  • 50 г мелени ореви
  • 1 ванилин шеќер

За филот:

  • 400 мл млеко
  • пудинг од ванила
  • 200 г путер
  • 150 г шеќер во прав
  • 2-3 банани
  • 3-4 лажици чоколадни трошки

За декорација:

  • 2 кесички шлаг-крем
  • 2 лажици крем од лешник
  • 3 лажици мелени ореви
Приготвување:

Пенесто изматете ги жолчките со 75 г шеќер во прав. Додајте 2 лажици врела вода и матете додека смесата се згусне и стане бледа. Белките изматете ги во цврст снег, додајте го преостанатиот шеќер и ванилиниот шеќер.

Во изматените жолчки додајте брашно со мелени ореви. Постепено додавајте го снегот од белки и внимателно измешајте го тестото. Печете во плех обложен со хартија за печење на 180 степени Целзиусови, 20 минути. Испечената кора веднаш префрлата ја на крпа посипана со шеќер и завиткајте ја во ролат.

За филот, сварете го пудингот во 400 мл млеко и оставете го да се олади на собна температура. За да не ви се создаде кора на пудингот, посипете го со малку шеќер. Омекнатиот путер изматете го со шеќер во прав и постепено измешајте го со пудингот.

Во филот додајте чоколадни трошки и добро измешајте, оставете го 30 минути во фрижидер. Отворете ја крпата со бисквитот и нанесете фил врз целиот бисквит. Излупете ги бананите, отстранете им ги краевите и наредете ги една до друга на врвот од бисквитот.

Внимателно завиткајте го бисквитот и украсете го со шлаг-крем, мелени ореви и стопен крем од лешник.

Банана-ролат готов за 10 минути: Неодолив кремаст десерт што ќе ве распамети!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.