Рецепт за феноменалниот колач кој се топи во устите: Слатко задоволство за цело семејство (ВИДЕО)

Мек како душа!

Ова сигурно ќе ве воодушеви.

Од кујната на нашите баби ни пристигнува рецепт за превкусниот колач кој ќе ги воодушеви домашните. Доколку сакате да се засладите, а не знаете што да направите, овој колач е идеално решение за вас.

Потребно е:

4 јајца

4 лажици шеќер

100 г путер

2 шолји брашно

2 шолји гриз

1 прашок за печиво

Кора од лимон

Овошје (предлог јаболко и малку сливи)

Приготвување:

Изматете ги белките со шеќерот, па потоа додајте ги брашното и гризот со прашокот за печиво. Потоа додајте ги жолчките и кората од лимон.

Додајте го изматениот путер со малку шеќер (2 лажици) и внимателно матете со миксерот. Обложете ја тепсијата со хартија за печење, па истурете малку брашно во неа и распоредете ја изматената смеса. Одозгора наредете ги листовите јаболко, а меѓу нив ставете по една слива. Печете на 200 степени околу 40 минути.

ИНаросете со шеќер во прав. Почекајте да се излади, па исечете го колачот. Така добивате прекрасен вкус, колач кој е мек како душа. Пријатно, уживајте!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.