Американски чоколадни кошнички со кикирики-путер

Рецепт на денот

Еден од омилените десерти што може да се купат во Америка. Станува збор за здраво слатко задоволство, кое ќе го приготвите брзо и лесно.

Состојки:

3/4 шолја какао во прав
1 шолја кокосово масло
4 лажици мед
1/2 лажичка екстракт од ванила

За филот со путер од кикирики:

1 чаша путер од кикирики
1 лажица мед
прстофат сол

За декорација (опционално):

сечкани несолени кикирики и рендано темно чоколадо

Приготвување:

На малку загреана рингла, растопете го кокосовото масло и измешајте со какаото во прав. Додајте мед и екстракт од ванила и добро измешајте.

Истурете ја смесата во кошничките, така што ќе наполните само 1/3 од корпите. Наредете ги на плех и ставете ги во фрижидер да се стегнат, околу 15 минути.

Измешајте путер од кикирики, мед и сол – ако користите органски, несолен путер од кикирики.

Извадете ги кошничките од фрижидер и истурете една лажица од смесата со кикирики во кошничките (ако користите поголеми кошнички, ако користите мали, тогаш сипете со лажица). Вратете го во фрижидер 15 минути, додека слојот од кикирики не се стегне. Потоа, врз кикириките додајте уште еден слој чоколадо и потоа оставете го во фрижидер 2-3 часа, по што можете да ги послужите.

Фото: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.