Редефинирана кремпита

„Апдејтуван“ рецепт

Фото: Pixabay

Потребно е: 1 л млеко, 8 жолчки, 250 г шеќер, 6 кори за пита, малку путер и прашок за печиво, малини, рибизли, боровинки

Приготвување: шеќерот и јајцата се соединуваат. Млекото се вари додека зоврие, па во него се става стапче од ванила. Се преливаат шеќерот и јајцата, се промешува и се враќаат во тенџерето.

Се вари и се меша додека се згусне. За да направите подлога, но и горна коричка, ставете три обични кори за пита, една врз друга, а помеѓу нив путер и малку шеќер во прав.

Печете ги 45 минути на 180 степени Целзиусови. Потоа, исечете ги и филувајте ги.

Послужете со малини, рибизли и боровинки.

Фото: Pixabay

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.