Рапсодија со вишни: Најкремастиот колач што не се пече!

Колач што ќе ве воодушеви со неговиот сладок и кремаст вкус

Лесен десерт којшто нема да ви одземе многу време

Ако сте љубители на вишните во комбинација со лесниот крем од ванила, сигурно ќе ви се допадне овој колач. Подготовката е многу едноставна, а ќе ви одземе навистина малку време.

Потребни состојки:

За подлогата

  • 250 грама бисквити
  • За кремот со вишни
  • 300 милилитри вода
  • 200 милилитри сок од вишни од компот
  • 150 грама гриз
  • 180 грама шеќер
  • 1 тегла исчистени вишни

За жолтиот крем

  • 2 пудинга од ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 750 милилитри млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 250 грама маргарин
  • 200 грама шеќер во прав

За декорацијата

  • 250 милилитри павлака за шлаг
Начин на подготовка:

Во лонец ставете вода и сок од вишни. Кога ќе зоврие, тргнете го лонецот и додадете гриз. Добро изматете го и вратете го да се вари уште неколку минути, притоа непрестајно мешајте. Додајте ги вишните и шеќерот. Мешајте го сето тоа на ниска температура 1-2 минути.

Наредете ги бисквитите во калап. Истурете ја врелата смеса со вишни врз бисквитите и израмнете ја. Потоа, оставете го тоа да се излади. Измешајте го пудингот со шеќерот и со ванилиниот шеќер во отприлика 200 милилитри млеко кои ќе ги одвоите од подготвените 750 милилитри. Остатокот ставете го да се вари. Кога млекото ќе зоврие , изматете го пудингот со шеќерот. Гответе на низок оган и мешајте додека не се згусне смесата. Потоа оставете го да се излади.

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и потоа додајте го изладениот пудинг. Жолтиот крем распоредете го врз кремот од вишни. Потоа, изматете ја павлаката за шлаг и нанесете ја на колачот. Добар апетит!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време