Совршен избор за топлите денови – здрав десерт со богат чоколаден вкус кој се подготвува без вклучување рерна.
Кога температурите растат, никој не сака долго да стои во кујна покрај рерна. Оваа протеинска чоколадна торта без печење е идеална за летните денови, бидејќи е освежителна, кремаста и полна со вкус.
За подготовка ќе ви бидат потребни: 200 грама овесни снегулки, 2 лажици какао, 2 лажици путер од кикирики, малку мед или засладувач, 200 милилитри млеко и 30 грама чоколаден протеин. За кремот потребни се 300 грама грчки јогурт, уште малку протеин и неколку коцки растопено темно чоколадо.
Овесните снегулки се мешаат со какаото, путерот од кикирики, медот и млекото додека не се добие компактна смеса. Се распоредува во калап и се остава во фрижидер за да се стегне основата.
Кремот се подготвува со мешање на грчкиот јогурт, протеинот и растопеното чоколадо. Се нанесува врз основата, а тортата се остава неколку часа во фрижидер пред послужување.
По желба може да се украси со свежо овошје, јаткасти плодови или рендано чоколадо.
printskrin youtube – cokoladen kolac