Пробајте ги најсочните слатки залчиња: Штангли со јаболка

Брзо и вкусно!

Ќе ви треба помалку од еден час за да ги приготвите овие штангли, а ќе добиете десерт што ќе ве воодушеви

Состојки:

За кората

  • 2 жолчки
  • 200 г шеќер
  • 200 мл масло
  • 2 лажици какао
  • 1 ванилин шеќер
  • 300 мл млеко
  • 200 г брашно
  • 1 прашок за печиво

За кремот

  • 4 поголеми јаболка
  • ½ лимон
  • 2 белки
  • 200 г шеќер
  • 2 лажичиња цимет

За глазурата

  • 150 г чоколадо
  • 50 г путер
Приготвување:

1. Пригответе ја смесата за кората – помешајте ги жолчките и шеќерот, па постепено додавајте ги маслото, какаото, млекото и брашното помешано со прашокот за печиво. Мешајте додека не добиете уедначена смеса.

2. Намрсете тепсија со димензии 25х35 см и посипете ја со брашно, па сипете ја во неа смесата за кората. Печете во загреана рерна на 190 степени Целзиусови, околу 15 минути.

3. Посебно пригответе го кремот. Излупете ги јаболката и исчистете ги, па изрендајте ги крупно и прелејте ги со лимонов сок.

4. Изматете ги белките во цврст снег, постепено додавајќи го шеќерот. Во снегот додајте ги јаболката и циметот, па добро промешајте.

5. По 15 минути печење извадете ја кората од рерната и прелејте ја со смесата од јаболка. Вратете ја во рерната и продолжете да ја печете уште 25 минути. Проверете со чепкалка дали е колачот печен.

6. Посебно пригответе ја глазурата – растопете ги чоколадото и путерот. Прелејте ја преку печениот и оладен колач, па оставете на ладно да се стегне.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.