Принцес-крофни со крем од бело чоколадо и јагоди: Меки, воздушести, превкусни!

Пробајте!

Највкусните залачиња!

Состојки:

За крцкавата коричка:

  • 85 г путер
  • 100 г брашно
  • 100 г кафеав шеќер

За тестото:

  • 125 г млеко
  • 125 г вода
  • 110 г путер
  • 5 г шеќер
  • 2 г сол
  • 140 г просеано брашно
  • 220 г јајца

За кремот од млечно чоколадо:

  • 500 г слатко млеко
  • 120 г шеќер
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 8 жолчки
  • 30 г брашно
  • 30 г пченкарен скроб
  • 60 г путер
  • 100 г млечно чоколадо

За кремот „шантили“:

  • 300 г слатка павлака (добро оладена)
  • 500 г јагоди
  • шеќер во прав за посипување
Приготвување:

За крцкавата коричка:

Во чинија ставете омекнат путер, брашно и шеќер и промешајте. Расукајте тенка кора (2-3 мм) помеѓу две хартии за печење и ставете ја во фрижидер 3-4 часа.

За тестото:

Во тенџере со средна големина сипете млеко, вода, путер, шеќер и сол. Оставете ја смесата да зоврие. Тргнете ја од оган. Во течната смеса одеднаш ставете го просеаното брашно и веднаш почнете интензивно да мешате со маталка додека се спои смесата. Ќе ви требаат околу 30 секунди.

Вратете го тенџерето на рингла и оставете го тестото да се вари околу 1 минута, постојано мешајќи.

Префрлете го тестото во чинија и оставете го да се олади малку. Добро изматете ги јајцата, но не пенесто. Мешајте го тестото со широка маталка за тесто на средна брзина околу 30 секунди, потоа намалете ја брзината на најниска и почнете да ги додавате јајцата.

Сега, треба да проверите дали текстурата на тестото е добра. Сопрете го миксерот и тргнете ја маталката, соберете го тестото од ѕидовите на чинијата и поминете со маталката низ него. Ако сте ја добиле потребната текстура, тестото ќе виси од маталките во форма на латинично В (V).

Од тестото приготвено за крцкавата коричка, исечете крукчиња со големина на крофнички (околу 5 см) и ставете ги во фрижидер.

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Наполнете слаткарска кеса со тестото и ставете додаток 1А. Покријте го плехот со хартија за печење. Истиснете го тестото со него покријте ги крцкавите крукчиња. Печете околу 15 минути, намалете ја температурата на 160 степени Целзиусови без да ја отворате рерната и печете уште 12-15 минути.

За приготвување на кремот:

Во тенџере сипете млеко и 60 г шеќер. Додајте екстракт од ванила. Загрејте ја смесата, но не до вриење.

Измешајте ги жолчките со преостанатиот шеќер. Додавајте брашно со интензивно мешање, а потоа и скроб. Мешајте добро за да не се создадат грутки. Сипете третина од загреаното млеко и добро мешајте. Вратете ја оваа смеса во тенџерето со млеко и ставете ја на рингла на среден оган.

Додека се вари, добро мешајте со маталка. Штом забележите дека смесата станува погуста, тргнете ја од оган и мешајте уште триесеттина секунди додека добиете густа и хомогена смеса. Вратете ја на умерена температура и повторно мешајте додека зоврие, барем една минути, за целосно да исчезне вкусот на скробот. Штом кремот биде готов, тргнете го од оган и сипете го во голема чинија или послужавник, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се олади.

Кога кремот ќе се олади на собна температура, сипете го во чинија, додајте мали парчиња путер и матете со миксер на висока брзина додека путерот и кремот целосно се спојат. Стопете чоколадо на водена пареа, потоа ставете го во кремот и мешајте на ниска брзина.

За кремот „шантили“ матете оладена павлака на висока брзина

Пресечете ги напречно печените и веќе оладени крофнички. Наполнете го долниот дел на крофните со чоколаден крем, внатре ставете парче јагода. Одозгора нанесете шлаг и ставете сечкани јагоди. Ставете го и горниот дел и посипете со шеќер во прав.

Добар апетит!

Еве како се прават принцес-крофни: Највкусниот кремаст десерт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.