Преслатки се, а се приготвуваат за миг: Три брзи новогодишни десерти во форма на елка!

Фантастични идеи

Време е да почнеме да размислуваме за десертите што ќе ја красат празничната трпеза

Вашата празнична трпеза нека биде најубава досега, со помош на вкусни декорации кои се приготвуваат многу едноставно, а изгледаат неодоливо.

Ви предлагаме 3 креативни идеи за десерти во форма на новогодишни елки, кои ќе ги воодушеват сите ваши гости, како со изгледот така и со вкусот.

Елка-торта

Пригответе торта од пандишпан по ваш избор, но направете ја во кружна форма. Пресечете триаголници, а во средината ставете чоколадно стапче или сламка, така што секое парче ќе изгледа како мала елка. Дополнително, можете да го засечете секое парче од страните, за да добиете форма на елка, па украсете со шарени бонбончиња за да добиете изглед на украсено празнично дрво.

Пуслица во форма на елка

Изматете две белки со 150 г шеќер и лажиче лимонов сок. Пенесто изматете ги белките, а шеќерот додавајте го постепено. Кога ќе добиете цврст снег, додајте лимонов сок и матете уште малку. Додајте прехранбена зелена боја и формирајте елки со слаткарски шприц. Сушете ги во рерна околу 60 минути на 130 степени. Кога ќе се испечат, посипете ги со малку шеќер во прав, за да добиете изглед на паднат снег, а на врвот ставете украсна снегулка или ѕвездичка.

Елка од корнети

За да ги приготвите овие елки, ќе ви требаат кокос, корнети, зелени кошнички, мафини направени од вашето омилено тесто, крем или некој друг сладок крем по ваш избор, шлаг во зелена боја, прехранбени ѕвездички за врвот на елката и шарени бонбончиња, кои ќе ги користите како лампиони.

Испечете ги омилените мафини во зелени кошнички, па ставете малку крем на рабовите. Потоа, посипајте кокос. Добро втиснете го корнетот во кремот за да добиете форма на елка.

Потоа, целиот корнет покријте го со зелен шлаг со помош на шприц. Ви преостанува уште да ја ставите ѕвездичката на врвот и да ги распоредите лампионите. И секако, да ги послужите вашите сакани со овие неодоливи елкички!

Погледнете ги подеталните упатства за подготовката во видеото во продолжение…

ФОТО: Јутјуб

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе