Прелиен колач од кокос: За сите возрасти!

Од 7 до 77 години

Овој мек колач можат да го јадат сите генерации: за појадок или за вечера

Состојки:
  • 3 јајца
  • 50 г шеќер
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 100 г брашно
  • 100 г кокос
  • 2 лажици гриз
  • 1 прашок за печиво
  • кора од лимон

За преливот:

  • 200 г шеќер
  • 100 мл вода
  • ванилин шеќер
Приготвување:

Изматете јајца со шеќер, додајте брашно со прашок за печиво, јогурт, масло, кокос, гриз и кора од лимон. Измешајте го сето тоа убаво и сипете го во подмачкан плех. Печете на 200 степени околу 40 минути. Печениот колач исечете го на коцки. Во тенџере сипете шеќер и вода, додајте ванилин шеќер и загревајте малку за да се растопи шеќерот. Врелиот колач прелејте го со врел сируп. Оставете го да впие. Оладете го, па послужете го.

Не ви треба масло, јајца ниту брашно: Шамбали колач од гриз, лимон и портокал ќе биде вашиот омилен ТУРСКИ десерт
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.