Посочни не може да бидат: Брзи колачиња со чоколадо и малини

Вистинска фантазија од вкусови!

Чоколадните брауни се омилените колачиња на многумина, а овој рецепт ќе ги воодушеви вашите домашни

Секоја комбинација со чоколадо е примамлива, а ако додадете и киселкаста нота со помош на овошје, ќе добиете полн погодок!

Потребни состојки:
  • 250 грама темно чоколадо
  • 200 грама путер
  • 100 грама кафеав шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 јајца
  • 150 грама брашно
  • 340 грама малини (свежи или замрзнати)

Приготвување:
  • На пареа стопете путер и чоколадо, додајте какао и оставете ги да се изладат малку.
  • Земете подлабок сад во кој ќе ги изматите јајцата со шеќер и ванилин шеќер.
  • Во смесата додајте ги чоколадото и путерот и кратко изматете со миксер.
  • Додајте брашно и прстофат сол во смесата и повторно добро изматете.
  • Додајте малини во смесата, па внимателно измешајте со шпатула.
  • Ставете ја смесата во плех обложен со хартија за печење.
  • Израмнете со шпатула и ставете го колачот во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови.
  • Оставете го колачот да се печете 40 до 50 минути.
  • Извадете го од рерна и оставете го целосно да се излади, а потоа исечкајте го и послужете го.

По желба, може да го печете колачот и во калап за торта, па да го украсите со малини кога ќе биде готов.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.