Посни мафини без масло: Совршени колачи за секој ден!

Не постои поедноставен десерт

Profimedia

Овој рецепт е одличен за пост на вода

Состојки:
  • 150 грама брашно
  • 150 грама мелени овесни снегулки
  • 300 милилитри вода
  • 3 лажици гриз
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • половина кесичка сода бикарбона
  • 50 грама какао
  • 50 грама шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • цимет
  • 2 изрендани јаболка
  • 2 изгмечени банани
  • кора од портокал или лимон
  • суво грозје
  • мелени ореви
Приготвување:
  • Измешајте ги прво сите суви состојки, па додајте ги водените и на крај постепено додавајте вода.
  • Добро соединете ја смесата и ставете ја во калап во кој претходно сте наредиле хартиени корпички.
  • Загрејте ја рерната на 220 степени, па печете ги мафините 15-20 минути.
  • Доколку немате калап, може да го ставите колачот во обичен плех и да го испечете цел.
  • Кога ќе бидат готови, може да ги наросите со шеќер во прав или да ги украсите со ливчиња бадеми.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.