Посна медена торта: Мек десерт за паметење!

Ќе ја обожавате!

Се прави многу едноставно, но тестото мора да се замеси ден претходно

Состојки:
  • 100 г мед
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 250 г брашно
  • 300 г шеќер
  • малку маргарин
  • 250 г мелени ореви
  • ванилин шеќер

За глазура од ванила:

  • 3 лажици ладна вода
  • 180 г ванилин шеќер

или

За глазура од чоколадо:

  • парче маргарин
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 1 дл вода
Приготвување:

Сварете ги кристалниот шеќер, медот и ванилиниот шеќер со 2 дл вода и со постојано мешање. Оставете го сирупот да се олади, па додајте брашно, ореви и сода бикарбона. Соединете го тестото и оставете го да преноќи.

Утредента, префрлете го тестото во плех подмачкан со маргарин и посипан со брашно, испечете го и глазирајте го по желба, со глазура од ванила или со глазура од чоколадо.

Глазурата од ванила се прави така што треба да изматите 180 г ванилин шеќер со многу малку ладна вода додека побели.

Глазурата од чоколадо се прави така што се растопува 100 г чоколадо за готвење со 1 дл вода и се меша додека се изедначи смесата, па при крај се додава парче маргарин.

Волшебна посна торта: Свечена, богата и сочна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.