Посен колач што ќе ве воодушеви: Едноставно неодолив!

Мора да го пробате!

ФОТО: Profimedia

Смислен е сосема случајно и произволно, а испаднал совршено

Состојки:

За корите

  • 400 милилитри вода
  • 18 лажици меко брашно
  • 13 лажици шеќер
  • 3 лажици џем, пекмез или мармалад по избор
  • 100 грама посни мелени бисквити
  • 4 лажици масло
  • 2 лажици какао во прав
  • 2 лажички сода бикарбона

За филот

  • 125 грама маргарин
  • 100 грама шеќер во прав
  • 100 грама чоколадо
  • 100 грама мелени ореви
  • 200 грама мелени бисквити
  • 200 милилитри сок од портокал

За глазурата

  • 100 грама чоколадо
  • 3 лажици масло
Приготвување:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Во топла вода разматете 13 лажици шеќер. Додајте масло и џем, па сето тоа измешајте го. Потоа, додајте брашно, какао, сода бикарбона и бисквити (може и ореви) и сето тоа заедно изматете го. Во плех ставете хартија за печење, па сипете ја смесата. Печете ги корите 13 минути. Изладете ја печената кора.

Пенесто изматете омекнат маргарин со шеќер во прав, па додајте мелени бисквити и изматете со миксер. Смесата ќе биде густа и сува, но не грижете се, се додава сок. Потоа, додајте, рендано чоколадо и мелени ореви. Повторно измешајте со миксер на мала брзина.

Полека додавајте го сокот и матете додека не добиете смеса која може да се намачка на кората. Нанесете ја на кората и израмнете. Стопете го чоколадото со масло за глазура, па прелејте го врз колачот и протресете ја чинијата лево-десно за убаво да се прелие глазурата. Оставете го чоколадото да се зацврсти, па може да го послужите колачот.

Добар апетит!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.