Паша-локум или султанова сарма: Брз рецепт за суперлесен кремаст десерт

Без разлика дали планирате јадење за себе, за своето семејство или за драгите пријатели, ви претставуваме еден рецепт за вкусен десерт со кого ќе го проширите својот кулинарски репертоар и ќе ја збогатите вашата трпеза.

Рецептот за султановата сарма традиционално ни доаѓа од турската кујна. Самото приготвување не одзема многу време, а со оглед на тоа што не се пече – претставува навистина одличен кандидат за приготвување овој викенд.

Рецептот погледнете го во продолжение:

СОСТОЈКИ:

  • 100 г кокос
  • 1 л млеко
  • 120 г шеќер
  • 60 г брашно
  • 60 г густин
  • 2 лажички какао
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 100 г маргарин
  • 200 мл слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Во плех со димензии 40 см × 34 см посипете го рамномерно кокосот. Во 200 мл млеко додајте брашно, густин  и мешајте за да нема грутки, а остатокот од млекото загрејте го во посебен сад за да проврие.  Постепено додавајте ја смесата со брашното и какаото во првриеното млеко и цело време мешајте. Гответе го неколку минути на умерена температура додека се згусне, а потоа додадете ја исечканата чоколада и маргаринот и мешајте додека се растопи и поврзе во хомоген крем.

Кремот нанесете го рамномерно по плехот посипан со кокос ивнимавајте кремот да не се измеша со кокосот.

Ставете го плехот со кремот во фрижидер добро да се олади најмалку три часа. Проверете со прстот, ако пудингот ви делува стегнато подготвен е за премачкување со слатка павлака.

Пред тоа слатката павлака изматете ја со шлаг и внимателно нанесете ја преку целата површина. Земете тенок и остар нож и колачот прво пресечете го на половина по должина на плехот. Потоа сечете ленти по кратката страна на плехот во посакуваната димензија. Внимателно одвојувајте лента по лента и заролајте ги во ролни. Локумите или сармите ставете ги на тацна и ставете ги во фрижидер.

Фото: mycakes

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.