Панакота со шумско овошје

Вистински летен десерт

Пробајте го овој лесен летен десерт, кој претставува вистински рај за вашето непце, и верувајте дека ќе стане чест гостин на вашето домашно мени!

Состојки: 80 г слатка павлака, 60 г млеко, 5 г кафен шеќер, 25 г шеќер, 4 г желатин во ливчиња, 2 г стапче од ванила

Прелив: 50 г замрзнато шумско овошје, 10 г кристален шеќер

Приготвување:

Крем: измешајте ги млекото, павлаката и кафениот шеќер и ставете ги на оган да зовријат. Додајте ги стапчето ванила и разматениот желатин. Почекајте да се излади, па излејте ја смесата во садовите за послужување и ставете ја да се излади за време на ноќта. Пред послужувањето, прелејте со прелив од шумско овошје.

Прелив: сварете го овошјето со шеќерот и изблендирајте го.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.