Палачинки со малини

„Бомба“ од различни вкусови што совршено се надополнуваат

Речиси и не постои човек што не сака палачинки. Но постојат различни вкусови во однос на филот – едни ги сакаат со чоколадо, други со мед и ореви, а трети со мармалад од малини… Токму затоа, во продолжение ви претставуваме рецепт за палачинки со нутела, џем од малини, банана, плазма-кекс… За секого по нешто!

Состојки: 200 г брашно, 3 јајца, 200 мл млеко, 100 мл газирана вода, сол, шеќер, маслиново масло, 70 г нутела-крем, 70 г банани, 50 г џем од малини, 30 плазма-кекс, чоколаден прелив, шлаг

Приготвување: во пластичен сад, прво ги матиме јајцата, го додаваме млекото и мешаме.

Лажица по лажица, го додаваме брашното и мешаме.

Додаваме сол, шеќер и маслиново масло.

На крајот ја додаваме газираната вода.

Од смесата печеме палачинка. Едната половина ја премачкуваме со нутела, а другата со џем од малина. Одозгора редиме кругови банана, наросуваме со мелен плазма-кекс и ја превиткуваме палачинката на половина.

Украсуваме шлаг, чоколаден прелив и со парчиња овошје.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Александар Велов

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.