Овој џем е совршен лаксатив: Засладете го појадокот со една лажичка и не грижете се!

Неверојатно!

Вкусот е величествен – овој џем може да го замени секој десерт

Сезона е на смокви, кои се познати по тоа дека го забрзуваат метаболизмот. Луѓето што имаат проблем со варењето, би требало да појадуваат едно парче леб намачкано со џем од смокви или да се засладат со овој десерт по појадокот.

Состојки:
  • 5 килограми свежи смокви
  • 250 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 грама мед
  • рендана кора од 1 портокал
  • 2 лажички цимет
  • 1 лажичка лимонтус
Приготвување:

На тивок оган стопете го шеќерот додека не добие златножолта боја, потоа додајте мед. Исечете ги смоквите на четвртини, па додајте ги во растопените шеќер и мед. Продолжете да го готвите џемот на тивок оган 90 минути.

Кога ќе добиете кашеста смеса, додајте ја кората од портокал, циметот, ванилиниот шеќер и лимонтусот. Сето тоа заедно гответе го околу 30 минути.

Сипете го врелиот џем во жешки, стерилизирани тегли.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.