Освежувачки топчиња од лимон и бело чоколадо: Кремасти, слатки, совршени! (ВИДЕО)

Пробајте!

Овој освежувачки десерт од лимон се приготвува толку едноставно што речиси невозможно е да се згреши при готвењето

Состојки:
  • 320 г бело чоколадо
  • 90 г павлака за шлаг
  • 80 г путер
  • кора од лимон
  • 30 г сок од лимон
  • шеќер во прав, по потреба
Приготвување:

Загрејте ја павлаката за готвење и ренданата кора од лимон, треба да станат врели, па оставете ги на страна 15-20 минути. Стопете бело чоколадо, па во него ставете ги исцедената павлака за шлаг со кората од лимон (се цеди за да се отстранат остатоците од кората, а смесата да биде мазна).

Додајте сок од лимон, промешајте за сето тоа добро да се поврзе, па додајте го омекнатиот путер и мешајте додека смесата стане мазна. Завиткајте го тоа во пластична фолија и оставете го да отстои неколку часа.

Потоа, смесата ставете ја во кеса за декорација и направете топчиња на масна хартија. Оставете ги во фрижидер половина час, па извадете ги, со раце формирајте топчиња и секое топче извалајте го во шеќер во прав.

Погледнете во видеото како да го приготвите овој десерт…

Кнедли со сливи без компири: Најлесниот рецепт за познатиот традиционален десерт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.