Оригинален рецепт за шампита: Колач на кој не смеете да штедите!

Не може да биде подобро од ова!

Доколку приготвувате шампита, користете го оригиналниот рецепт и никако немојте да штедите на материјал

Состојки:

За кората:

  • 8 јајца
  • 8 супени лажици шеќер
  • 8 супени лажици масло
  • 8 супени лажици млеко
  • 8 супени лажици брашно
  • 1/4 кесичка прашок за печиво

За шлагот:

  • 12 белки
  • 1 прстофат сол
  • 10 супени лажици шеќер

Плус:

  • Испржете 500 до 70 г шеќер (по желба) со 200 мл вода додека стане жолт. Пригответе плех со големина 37 см х 25 см
Приготвување:

Прво се пече бисквитот. Сите намирници мора да бидат на собна температура. Загрејте ја рерната на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките. Белките оставете ги во фрижидер, а жолчките изматете ги со шеќер. Кога ќе бидат изматени, додајте млеко и масло. Матете кратко, па повторно додајте брашно и прашок за печиво. Сипете во плех и печете 13 минути.

Во тенџере пригответе ги шеќерот и водата да се испржат на сосема тивок оган.

Во подлабока чинија ставете 12 белки, прстофат сол и матете постепено додавајќи шеќер. Кога ќе добиете цврст снег, додајте го испржениот шеќер, па матете додека се создаде цврст снег.

Сипете го снегот врз кората, па израмнете. Украсете по желба.

Трилече: Колач што се приготвува многу едноставно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.