Ништо без чоколадо! Во трката за најдобра чоколадна торта би победила ЦРНАТА ТОРТА!

Лесна како песна!

Ништо без чоколадо! И има ли подобар рецепт за чоколадо од црна торта?! Одговорот е едноставен – Не!

Состојки:
ПАНДИШПАН:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
3 лажици какао
1 кесичка прашок за печиво

СИРУП:
100 г шеќер
50 мл вода
2 лажици сок од лимон

ФИЛ:
250 г путер
250 г шеќер во прав
6 јајца
250 г чоколадо
1 кесичка шлаг со вкус на чоколадо

Приготвување:
Јајцата се матат со шеќерот, па се додаваат брашнотп, просеано, какаото и прашокот за печиво. Истурете ја масата во подмачкан и набрашнет калап и печете околу половина час на 180 степени.

Сварете го сирупот и изладете го.

За филот, изматете го путерот со шеќерот во прав и додајте ги жолчките. Посебно изматете ги белките и соединете ги со смесата од жолчките и путерот и на крај додајте го чоколадото, кое сте го истопиле на пареа или на тивок оган.

Изладениот пандишпан посипете го со шеќер во прав и премачкајте го филот врз целата торта. Одозгора нанесете чоколаден шлаг.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.