Непогрешлива комбинација на вкусови: Чоколадниот ролат со банана е одлична идеја за десерт!

Десерти

Одлична идеја за десерт

Состојки:

За кората:

  • 6 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 6 лажици топла вода
  • 4 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 прашок за печиво
  • 2 лажици какао

За филот:

  • 250 мл слатка павлака
  • 50 г шеќер во прав
  • 100 г крем-сирење
  • 2 поголеми банани

За глазурата:

  • 100 г чоколадо
  • 100 мл павлака за готвење

Приготвување:

1. Белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Потоа се додаваат една по една жолчките и се додава топла вода во тенок млаз, непрекинато матејќи со миксер.

2. Посебно се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, какаото и прашокот за печиво, па се додаваат во смесата и се мати со миксер на најмалата брзина.

3. Плехот од рерната се обложува со хартија за печење и во него се излева смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 15 минути. Печената кора заедно со хартијата се витка во ролат.

4. За приготвување на филот, слатката павлака се мати во шлаг, постепено додавајќи го шеќерот во прав. На крајот се додава крем-сирењето и кратко се мати со миксер.

5. Оладената кора се одвојува од хартијата и се премачкува со филот. По должината на долната страна на кората, преку филот се распоредуваат двете банани, па се витка во ролат.

6. Посебно се приготвува глазурата. Слатката павлака се загрева до вриење, па се прелева преку искршеното чоколадо и се меша додека се растопи. Глазурата се остава да се олади, па се прелева преку ролатот.

Извор: Добра храна

Торта со вкус на сладолед: Пригответе ја познатата страчатела!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.