Неодолива посна пита со тиква и ореви готова за 30 минути: Нискокалорична е, а се препорачува од ОВАА причина

Задолжително пробајте

Ви предлагаме проверено добар рецепт за пита со тиква

Питата со тиква и ореви ќе ве воодушеви со феноменалниот вкус, а освен тоа, добро ќе ве засити. Не мора да се грижите околу калориите, бидејќи им се препорачува дури и на дијабетичарите, на луѓето со вишок килограми, како и на оние што имаат проблеми со варењето и желудникот.

Исто така, приготвувањето на овој фантастичен посен десерт нема да ви одземе многу време, бидејќи постапката е многу едноставна. А може да ви помогне и околу регулирањето на дигестијата поради високата содржина на целулоза и пектин во состојките.

Состојки:
  • 500 г кори
  • 500 г рендана тиква
  • 100 г мелени ореви
  • 100 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • минерална вода
  • масло
  • цимет
  • шеќер во прав
Приготвување:

Првата кора попрскајте ја со минерална вода и посипете ја со шеќер. Врз неа ставете ја втората кора, па посипете ја со шеќер и мелени ореви. Третата кора попрскајте ја со вода, па посипете ја со шеќер, тиква, ванилин шеќер, ореви и цимет. Потоа, завиткајте ја во ролат и ставете ја во плех. Истата постапка повторувајте ја додека го потрошите сиот материјал.

Попрскајте ја питата со вода и масло, а потоа печете ја во загреана рерна на 200 степени околу половина час додека зарумени. Откако ќе ја извадите од рерна, оставете ја да се олади малку, посипете ја со шеќер во прав и уживајте во прекрасниот мирис и вкус.

Најдобар рецепт за посен колач за претстојните слави: Вкусен, мек и им успева на сите
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.