Неодолив десерт што освојува: Овој колач од јаболка веднаш ќе исчезне од вашата трпеза

Незаборавен вкус!

Сигурни сме дека вашите домашни ќе бидат воодушевени од овој десерт со јаболка

Колачот со јаболка на многумина им е омилен десерт, а сигурни сме дека рецептот ќе ве остави без здив…

Потребни состојки:
  • 250 грама брашно
  • 250 грама путер
  • 5 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 2 лажици прашок за печиво
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажица цимет
  • 600 грама кисели јаболка
  • 100 грама шеќер
Начин на подготовка:
  • Излупете ги јаболката, отстранете им ја внатрешноста и исечете ги на помали парчиња.
  • На посилен оган во помало тенџере, загрејте 100 грама шеќер без мешање додека не се карамелизира и не добие жолтеникава боја.
  • Додајте ги јаболката во шеќерот и мешајте ги за да се обложат со карамела.
  • Додајте две лажици путер по околу 2 минути и повремено мешајте уште неколку минути.
  • Оставете го филот да се излади на собна температура. Изматете ги путерот и шеќерот додека не станат пенести, па додајте јајца и екстракт од ванила.
  • Добро измешајте ги брашното, прашокот за печиво и циметот и додајте ги во смесата со путер, шеќер и јајца.
  • Ставете го филот од јаболка на дното од тркалезен сад за печење, претходно премачкан со масло и брашно. Потоа, прелијте го филот со смесата за бисквитот.
  • Печете на 170 степени Целзиусови околу 45 минути.
  • Послужете го изладениот печен колач, така што неговиот долен дел со јаболката ќе биде свртен нагоре.
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време