Неизмерно задоволство: Пржени цветчиња за 6 лица

Слатки печива

Секој сака да си касне меко и ароматично домашно тесто – покажете jа својата кулинарска умешност и замесете печива без конкуренција! Во продолжение ви претставуваме рецепт за слатки пржени цветчиња. Количеството е за 6 лица, за приготвување ќе ви бидат потребни 30 минути, а за мирување на тестото 45 минути.

Состојки:

* 400 г брашно * 20 г свеж квасец * 2 лажици шеќер * 10 г ванилин шеќер * 1 јајце + 1 жолчка * 20 г путер * 1 лажица рум * прстофат сол * околу 150 мл млеко * рендана кора од лимон * масло за пржење

Приготвување:

1 Разматете го квасецот во топло млеко со лажиче шеќер и брашно. Оставете на топло да нарасне.

2 Соединете ги брашното, солта, шеќерот, нараснатиот квасец, јајцата, растопениот путер, румот и малку рендана кора од лимон и замесете мазно тесто со рака. Покријте го со крпа и оставете го да одмори 30 минути.

Поделете го тестото на помали парчиња, па обликувајте стапчиња.

Секое стапче исечете го на 7 дела и обликувајте топчиња.

Исечете хартија за печење на коцки со димензија 10×10 см, и врз секоја од нив направете по еден цвет од 7 топчиња.

Оставете ги да отстојат 15 минути.

3 Во врело масло на оган внимателно спуштајте ги цветовите еден по еден, сосехартијата за печење. По неколку минути, свртете ги на другата страна со помош на лажица со решетка и пржете ги додека зарменат.

4 Извадете ги цветовите врз кујнска хартија за да се исцедат од вишокот масло и наросете ги со шеќер во прав.

Рецепт: „Бакина пецива“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.