Највкусниот овошен десерт: Нема да можете да изедете само едно парче од оваа торта со малини!

Пробајте!

Сигурни сме дека ќе ја обожавате оваа торта со малини

Состојки:

За кората:

  • 300 г мелен кекс
  • 80 г шеќер во прав
  • 80 г путер
  • 150 мл млеко

За белиот фил:

  • 250 г сирење маскарпоне
  • 100 г милерам
  • 300 мл млечна слатка павлака
  • 50 г шеќер во прав
  • 200 г квалитетно бело чоколадо
  • 10 г желатин во гранули

За филот од малини:

  • 250 г сирење маскарпоне
  • 100 г милерам
  • 200 мл млечна слатка павлака
  • 150 г шеќер во прав
  • 250 г малини
  • 10 г желатин во гранули

За декорација:

  • 4 лажици чоколадни трошки
  • 100 г малини

Приготвување:

1. За приготвување на кората, мелениот кекс се прелева со млеко и се меша. Путерот се мати со шеќерот во прав, па се поврзува со кексот. Калап со размер од 22 см се обложува со хартија за печење и на дното се става смесата од кекс.

2. Посебно се приготвува белиот фил. Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се остава да набабри. Одвоено се соединуваат сирењето, милерамот, шеќерот и 200 мл течна слатка павлака, па се меша.

3. Преостанатата слатка павлака се загрева до вриење, па се прелева преку белото чоколадо и се меша додека се растопи. Се остава да се олади, па се додава во белиот фил. Желатинот се растопува, па се соединува со две лажици од филот, а потоа се додава во остатокот од филот.

4. Белиот фил се распоредува преку подлогата од кекс, одозгора  се ставаат малините и се остава во фрижидер да се зацврсти.

5. Посебно се приготвува филот од малини. Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се остава да набабри. Слатката павлака се мати со шеќерот во прав во шлаг. Се додаваат сирењето и милерамот, па добро се меша.

6. Малините се миксираат и се додаваат во филот. Желатинот се растопува, па се поврзува со две лажици од филот, а потоа се додава во преостанатиот фил. Преку стегнатиот бел фил се додава филот од малини, па се враќа во фрижидер да се зацврсти. Се декорира со чоколадо и со малини.

Извор: Добра храна

Највкусните слатки залачиња: Оваа торта со кикиритки ќе стане вашиот омилен десерт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.