Овој арапски колач е десерт чиј вкус не се заборава
Арапскиот колач е идеален кремлив десерт за топлите денови. Не мора да поминувате со часови покрај шпоретот правејќи филови, потребно е да одвоите само десетина минути и да ги измешате сите состојки. Ова е единствениот десерт што проверено секому му успева, а вкусот не се опишува!
Овој рецепт досега го имаат прегледано повеќе од 1,5 милиони луѓе, а кога ќе видите како изгледа колачот, ќе ви биде јасно и зошто.
Состојки:
- 250 г бисквити
- 3 лажици путер
- малку цимет
- 180 мл кондензирано млеко
- 180 г крем-сирење
- 1 цело јајце
- арома на ванила
- 4 урми и ореви
- 60 г сечкани бадеми
- прелив од карамела по желба
Приготвување:
Добро измелете ги бисквитите доколку не се мелени и измешајте ги со претходно стопен путер. Обложете калап со хартија за печење и рамномерно распоредете ја смесата во него.
Во една чинија измешајте кондензирано млеко со јајце, крем-сирење и арома на ванила, па добро изматете. Прелејте ја кората од бисквити со добиената смеса. Посипете сечкани урми и ореви, а потоа и ливчиња или ситно сечкан бадем.
Печете околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени. По желба, можете да го прелиете колачот со прелив од карамела.
Погледнете го видеото во продолжение за детални упатства…
Коментарите се заклучени.