Најмеките крофни со кисело млеко: Се печат на маст, воздушести се и сочни, а вкусот е фантастичен!

Пробајте ги

Кога ќе најдете добар рецепт, задолжително сочувајте го и строго придржувајте се до упатствата за готвење, бидејќи само така можете да направите совршени крофни

Крофните се еден од омилените десерти, а трикот е во тоа да ја најдете вистинската мерка и да направите совршенство од печивото.

Состојки:
  • 250 мл кисела вода
  • 20 г квасец
  • 1 жолчка
  • 3 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 500 г меко брашно, тип 400
Приготвување:

Киселата вода треба да е на собна температура. Во сад за месење здробете квасец и додајте кисела вода. Сипете 1 лажиче шеќер и малку брашно, па оставете го да се активира. Во нараснатиот квасец додајте жолчка, преостанатиот шеќер, ванила, масло и лимон. Сето тоа замесете го со 500 г брашно. Оставете го да отстои 40 минути на топло.

Потоа, премесете го тестото и оставете го да одмора уште 20 минути. Потоа, расучете го тестото, не треба да биде премногу тенко. Извадете крофни со калап или чаша. Оставете го уште 15 минути да нарасне.

Добро загрејте ја маста и вклучете ја ринглата на средна температура. Ставете ги крофните на страната од којашто не лежеле претходно. Поклопете го тенџерето и почекајте крофните да заруменат. Брзо ќе бидат готови. На крајот, посипете ги со шеќер во прав.

Вака искусните домаќинки приготвуваат крофни: Без јајца, млеко и квасец, плус не се пржат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.