Овој освежителен десерт ќе ве воодушеви со својот посебен вкус
Ако сакате десерти што брзо се приготвуваат, а изгледаат како од слаткарница, овој десерт ќе ве воодушеви. Паве е кремлив, нежен и освежителен традиционален бразилски колач што не се пече, а многумина го споредуваат со тирамису – иако има своја посебна приказна и вкус. Идеален е за гости, семејни собири или мигови кога ви се јаде нешто слатко, а не сакате да поминете часови во кујна.
Состојки:
- пишкоти
- 240 мл млеко
- 2 жолчки
- 400 г засладено кондензирано млеко
- 240 мл млеко
- 3 лажици пченкарен скроб
- 1 лажиче екстракт од ванила
- 200 мл слатка павлака
- 100 г чоколадо
- 120 мл слатка павлака
Приготвување:
Во тенџере измешајте жолчки, пченкарен скроб и кондензирано млеко. Мешајте додека смесата стане мазна. Додајте млеко и ванила, па загревајте на средна температура со постојано мешање додека филот се згусне. Тргнете го од шпорет, додајте слатка павлака и оставете да се олади.
Пишкотите кратко потопете ги во млеко, па наредете го првиот слој на дното од садот. Преку тоа распоредете половина од филот. Потоа, ставете уште еден слој пишкоти и завршете со преостанатиот фил.
Ставете го колачот во фрижидер и оставете го да се лади најмалку 4 часа за да се поврзат убаво слоевите и да се стегне.
За глазурата, загрејте слатка павлака, па во неа стопете чоколадо. Мешајте додека добиете мазна и сјајна смеса.
Прелејте ја глазурата преку оладениот колач и вратете го во фрижидер на уште околу 30 минути да се стегне. По желба, пред сервирање изрендајте малку чоколадо одозгора.
Погледнете ги подеталните упатства за приготвување во видеото во продолжение…