Најкремастата посна торта што и децата можат да ја направат: Колку подолго стои, толку повкусна станува!

Вкусот ќе ве воодушеви!

ФОТО: CooKing

Се прави од готови кори, па приготвувањето е многу едноставно

Состојки:
  • 450 грама готови посни кори за торта
  • 4 кесички пудинг од ванила
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 литар бадемово млеко
  • 6-7 лажици шеќер
  • 100 грама посно црно чоколадо
  • 100 грама маргарин
  • какао во прав за декорација
Приготвување:

Ставете 800 милилитри бадемово млеко да се вари. За тоа време измешајте 6-7 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер и 4 кесички пудинг од ванила со 200 милилитри бадемово млеко.

Кога млекото ќе зоврие, додајте пудинг и непрестајно мешајте, додека не се згусне. Кога ќе згусне, тргнете го од шпорет. Искршете 100 грама посно чоколадо во чинија и додајте половина од врелиот пудинг.

Измешајте ги пудингот и чоколадото додека не се соединат и чоколадото не се растопи. Покријте ги двата фила со проѕирна фолија и оставете ги да се изладат. Потоа, додајте им на филовите по 50 грама маргарин и сето тоа добро измешајте го.

Избодете ги корите со виљушка и испрскајте ги со обична вода (можете и со некаков сок, зашеќерена вода или бадемово млеко).

Премачкајте ја кората со половина од чоколадниот фил. Врз него ставете нова кора и премачкајте ја со половина од чистиот пудинг. Повторете ја оваа постапка уште еднаш (темен фил, па светол). Врз пудингот наросете какао како декорација (може да ставите и посен шлаг наместо какао).

Ставете ја тортата во фрижидер и оставете ја да отстои прекуноќ. Исечете ги рабовите и послужете ја по желба. Добар апетит!

Извор: CooKing.rs

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.