Најдобриот рецепт за принцес-крофни: Тесто меко како памук, полнето со фил што се топи во уста

Пробајте

Има ли поубав десерт од принцес-крофна? Нема, ако се приготви на овој начин

За да направите вистински принцес-крофни, потребно е трпение, но се исплати.

Состојки:

За тестото:

  • 300 мл вода
  • 100 мл масло
  • 140 г брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 4 јајца

За филот:

  • 2 пудинга од слатка павлака (може и од ванила)
  • 1 кесичка шлаг
  • 1 маргарин
Приготвување:

Сварете ги водата и маслото и додека врие, додајте брашно и прашок за печиво, брзо измешајте и веднаш тргнете ги од оган. Додавајте ги јајцата едно по едно, секое треба да биде добро соединето со тестото пред да го додадете следното. Со шприц за тулумби или со лажиче, вадете од тестото и редете на плех обложен со хартија за печење. Печете ги на 180 степени додека убаво нараснат и добијат златна боја.

За филот, сварете два пудинга според упатството од кесичката, па во топлиот пудинг додајте маргарин од собна температура. Изматете за да се соедини сето тоа убаво, па додајте и изматен шлаг.

Сечете ги крофничките на половина и полнете ги со филот, поклопете ги и посипете ги со шеќер во прав. Ако сакате да бидат меки, покријте ги со фолија веднаш по филувањето и ставањето шеќер. Ако сакате да бидат крцкави, не ги покривајте со фолија.

Принцес-крофни со крем од бело чоколадо и јагоди: Меки, воздушести, превкусни!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.