Најдобриот рецепт за американски палачинки: Меки и воздушести, а успеваат од прва!

Задолжително пробајте!

Испробајте го овој рецепт за совршени американски палачинки

Американските палачинки приготвени по овој рецепт ќе бидат меки, ароматични, воздушести и превкусни. Се приготвуваат брзо и лесно, а многу се декоративни и заситуваат. Палачинките се вистинскиот избор кога сакате да се засладите.

Состојки:
  • 250 г меко брашно
  • половина кесичка прашок за печиво
  • половина лажиче сол
  • 1 голема лажица шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 50 г стопен путер
  • 250 мл млеко
Приготвување:

Во една чинија измешајте ги сите суви состојки. Во друга чинија сите преостанати состојки. Ставете јајца, додајте млеко, промешајте, додајте растопен путер и повторно промешајте. Течните состојки додајте ги во сувите и матете со миксер додека се соединат, важно е само да не ги прематите за да не спласне тестото. Покријте го готовото тесто и оставете го да отстои 15-20 минути.

Загрејте тавче, подмачкајте го со малку масло и со лажица за сладолед вадете мали палачинки. Штом се појават меурчиња на површината на палачинките, тоа е знак дека треба да ги превртите. Печете ги палачинките на средна температура и пред секоја палачинка, подмачкајте го тавчето со малку масло.

Ова тесто е малку погусто, така што морате сами да ги доведете палачинките до посакуваната форма, но затоа ќе бидат воздушести. Од оваа смеса излегуваат 12-13 палачинки, а ако изматите погусто тесто, ќе има помалку.

Совршен, брз рецепт: Вистински американски палачинки за 5 минути!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.