Најдобрата смеса за палачинки што можат да стојат и 2 дена: Една состојка ги прави меки, а рецептот е многу едноставен

Пробајте!

Ви го откриваме најдобриот рецепт за палачинки без млеко што можат да стојат со денови

Многу домаќинки прават сè и сешто за да добијат совршена смеса за палачинки, додека се чини дека не постои ништо полесно од приготвувањето на омилениот десерт. Но повеќето од нив прават голема грешка.

Нашите баби имале разни трикови кои гарантирале дека омилениот десерт ќе биде мек и што е најважно, дека палачинките нема да бидат жилави и ќе можат да стојат до два дена. Еден од триковите е да се стави што помалку млеко, а некои домаќинки дури и го одбегнуваат.

Состојки за меки палачинки:
  • 3 шолји брашно
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 1/2 прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2,5 шолји кисела вода
  • масло
Приготвување:

Измешајте брашно со кисела вода, шеќер, ванилин шеќер, прашок за печиво и прстофат сол, па матете со миксер додека добиете поретка каша. Додајте една лажица масло и промешајте уште малку.

За печење на палачинките, најпогодно е тавчето со тефлонско дно. Во тавче сипете неколку капки масло, па кога добро ќе се загрее, сипете околу пола црпалка од течната смеса, колку да го покрие дното на тавчето. Кога едната страна од палачинките ќе се испече, превртете ја на другата страна. Пред печењето на секоја палачинка, во тавчето додавајте неколку капки масло.

Рецепт за совршено меки и вкусни американски палачинки
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.