Најдобрата мачканица за палачинки и слатки печива: Се прави од две состојки, а постои повкусна!

Пробајте!

Путерот и џемот се најдобра комбинација

За овој рецепт ќе ви требаат две состојки што сигурно веќе ги имате во својот фрижидер. Станува збор за путер и џем.

Приготвување:

Оставете 100 г путер на собна температура преку ноќ. Кога убаво ќе омекне, изматете го со миксер, па додајте 2 лажици џем по избор и добро измешајте. Домашниот џем од малини или јагоди се најдобар избор, но вие можете да пробувате и други видови и да најдете подобра комбинација.

Вака приготвената мачканица можете да ја чувате во тегличка во фрижидер. Користете ја за филување палачинки, кроасани или некои други печива, по можност домашни, штотуку извадени од рерна, но и на препечено лепче со чај. Пробајте, нема да се покаете! Ова е највкусната мачканица! Добар апетит!

Престанете да го уништувате омилениот десерт: Поради овие 4 грешки палачинките ви излегуваат лоши и гумени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.