Мрзлива пита со јаболка: Наједноставниот колач што им успева и на неискусните домаќинки

Старински колач

Ви предлагаме рецепт за мрзлива пита со јаболка што ќе ве воодушеви, а му успева секому

Мрзливата пита е еден од омилените старински колачи кој се приготвува многу едноставно, а исто така е и евтин, со оглед на тоа што повеќето негови состојки сигурно веќе ги имате дома.

Состојки:
  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт (или млеко)
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • половина чаша масло
  • 2 и пол чаши брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • изрендана кора од еден лимон

За филот:

  • 1 кг јаболко
  • цимет
  • 3-4 лажици шеќер
Приготвување:

Најпрво, излупете ги и изрендајте ги јаболката, па динстајте ги заедно со шеќерот и циметот, за да се ослободите од вишокот вода. Додека јаболката се крчкаат, изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додајте јогурт, масло, брашно и прашок за печиво. Изматете ја смесата со миксер, па додајте изрендана кора од еден лимон. Пред да го изрендате лимонот, треба добро да го измиете и да го избришете со сува крпа.

Намрсете плех со димензии 34х21, односно плех со средна големина, а потоа посипете го со малку брашно и протресете. Најпрво, сипете половина од смесата и ставете ја во веќе загреана рерна, па печете ја десетина минути на 180 степени. Потоа, извадете ја кората, па на неа сипете ги динстаните јаболка што се изладиле. Израмнете ги јаболката со шпатула, па преку нив сипете ја другата половина од филот. Израмнете го сето тоа со шпатула и вратете го во рерна, па печете, додека питата убаво зарумени. Доволно е да ја печете уште околу 20 минути.

Добар апетит!

„Мрзлива пита“ по рецептот на нашите баби: Направете брз колач за цела недела (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.