Може да се вратиме во детството?: Сутлијаш со пудинг кој ги буди сите емоции, мора да пробате! (ВИДЕО)

Рецепт

Десерт кој ќе го обожавате!

Од кујната на нашите баби ни пристигна рецепт за сутлијаш со пудинг, кој, кога ќе се излади, неверојатно потсетува на сладолед.

Потребно е:

200 г ориз

200 мл млеко

300  мл вода

50 г суво грозје

2 бели чоколади

1 ванилин шеќер

шеќер по желба

1 пудинг од ванила

малку цимет

Приготвување:

Оризот го миете неколку пати со вода, па го ставате да се свари. При крајот, додавате млеко, ванилин шеќер и шеќер по желба и оставате течноста да испари. Ги додавате сувото грозје потопено во рум, и чоколадата да се истопи.

Пудингот го готвите во 300 мл млеко, го засладувате по желба, па го мешате со оризот. Го сервирате во чинија и го служите со малку цимет. Уживајте!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.