Мињони полнети сот желе од вишни

За приготвување на овие вкусни колачиња ќе ви бидат потребни 45 минути, а се варат 20-тина минути.

СОСТОЈКИ:

За мињони:

300 г мелени бисквити

200 г путер

100 г темно чоколадо

100 мл сок од портокал

суво грозје

мелени ореви

За фил:

вишни (свежи или замрзнати)

100 г шеќер

1 кесичка желатин

За декорација: бело чоколадо со арома на вишна, темно чоколадо и декоративни слаткарски ронки

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Измешајте го путерот со мелениот кекс.

Месете да добиете хомогена смеса, па додајте го сокот и повторно добро измесете.

Додајте омекнато суво грозје и малку мелени ореви.

Земајте по лажица од смесата и ставајте во калап за кошнички и обликувајте топчиња со вдлабнување во средина за да можат да се полнат.

За фил: загревајте го сокот со шеќерот на умерен оган додека се растопи шеќерот.

Додајте ги вишните и варете 20 минути.

Прелијте го желатинот со 4 лажици студена вода и оставете го да набабри.

Кога ќе набабри, додајте го во топлиот сируп од вишни и промешајте.

 

Оставете да се излади и стегне.

Полнете ги топчињата со желето и декорирајте ги со растопено бело и црно чоколадо, како и со ронки за јадење.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.