Медена пита: Старински десерт што ги освојува сите генерации со вкусот и мирисот

Совршенство од вкусови!

Името го добило по медот што се става во корите, кој не преовладува, но и’ дава посебна арома

Состојки:

За кората

  • 1 јајце
  • 150 г шеќер
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици мед
  • 60 г маст
  • 450 г брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона

За кремот

  • 500 мл млеко
  • 5 лажици брашно
  • 180 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 250 г путер

За чоколаден прелив

  • 150 г чоколадо за готвење (минимално со 60% какао)
  • 150 мл павлака за шлаг

Приготвување на кората:
  • Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови.
  • Во сад ставете брашно и сода бикарбона.
  • Во посебен сад со миксер пенесто изматете јајца, шеќер и ванилин шеќер.
  • Ставете лонец со подебело дно на средно силен оган.
  • Сипете изматено јајце и шеќер, па додајте маст и мед.
  • Кога сите состојки ќе се загреат за околу две минути, намалете го оганот и додајте брашно.
  • Мешајте додека смесата не ви стане хомогена.
  • Тоа оди брзо, употребете малку сила за да го измешате брашното во течните состојки.
  • Кога тестото ќе биде соединето, тргнете го лонецот од оган, но оставете го тестото во него. Тестото ќе го сукате топло.
  • Превртете наопаку плех за печење со димензии 35х22 сантиметри, па наросете го со брашно.
  • Одвојте 1/3 од топлото тесто ( ќе печете три кори) и расукајте го врз превртениот плех. Полека сукајте го тестото.
  • Печете го така расуканото тесто (на превртен плех- најмногу 7 минути, односно додека кората добие убава светло румена боја.
  • Испечената кора ставете ја на хартија за печење да се олади.
  • Повторете ја истата постапка со преостанатите две кори.
  • Додека корите се ладат, пригответе го кремот, така што брашното ќе го ставите во лонец и постепено ќе додавате млеко.
  • Мешајте за да не се создадат грутки.
  • Кога ќе го додадете сето млеко во брашното, ставете ја смесата на средно силен оган и цело време мешајте.
  • Кога смесата ќе биде готова (за неколку минути), тргнете ја од оган и оставете ја да се олади.
  • Путерот што стоел на собна температура изматете го со шеќерот и ванилиниот шеќер, додека добиете кремава смеса.
  • Потоа во путерот и шеќерот, додајте го оладеното млеко и брашно.
  • Тргнете го на страна готовиот крем.
Приготвување на чоколадната глазура:
  • Издробете го чоколадото на помали коцки.
  • Загрејте ја павлаката за шлаг речиси до вриење, но внимавајте да не зоврие.
  • Сипете ја павлаката во чоколадото и внимателно мешајте додека глазурата стане компактна и соединета.
  • Оставете ја да се олади малку  па прелејте го колачот со глазурата.
Редење:
  • Во плех за печење ставете ја првата кора.
  • Половина од кремот рамномерно премачкајте го врз долната кора.
  • На неа ставете ја втората кора, па внимателно притиснете за да се соедини сето тоа.
  • Премачкајте ја со втората половина од кремот.
  • Ставете ја последната трета кора и неа притиснете ја со рацете.
  • Последната кора прелејте ја со глазурата.
  • Оладете го колачот и оставете го да отстои прекуноќ, а потоа исечете го.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.